На официјалната презентација на новото засилување на ПСЖ, прв зборуваше претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи. Тој имаше само пофални зборови за Аргентинецот, а во повеќе наврати нагласи дека е горд поради направениот трансфер.
„Неверојатно е да седиш овде и го промовираш Лео Меси како играч на ПСЖ. Ова е одличен и историски ден за клубот. Неверојатен момент за нас. Сите го познаваат, шест пати ја освојуваше „Златната топка“. Тој прави „магија“, го прави фудбалот поубав. Ќе биде возбудливо за фановите со сигурност. Одлично е што успеавме да се договориме со него. Се сеќавам, пред десет години кога дојдов во клубот, луѓето се прашуваа што ќе направиме со ПСЖ. Сега сум горд со оствареното. Нема сомнеж, ова е договор со најдобриот фудбалер на светот. Би сакал да му се заблагодарам на Лео, неговата сопруга и таткото Хорхе, како и на тимот со кој постигнавме договор. Ова е неверојатен момент за клубот, за фановите и целата историја“, изјави Ал-Келаифи.