Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, во текот на летото ќе си замине од „Алијанц Арена“ како слободен играч и најверојатно ќе потпише за шпанскиот состав Реал Мадрид, објавија медиумите во Германија.
Според непотврдени информации одличниот играч од одбраната ќе добива неделна плата поголема од 150.000 евра како и одредени бонуси кои ќе бидат вметнaти во договорот.
Информацијата не е изненaдување бидејќи „кралевите“ од претходно најавија дека сакаат да го ангажираат брзоногиот бек кој по цели 13 години ќе го напушти баварскиот гигант.

