Репрезентативецот на Австрија, Давид Алаба, ќе го напушти Баерн Минхен откако пропаднаа и последните преговори за продолжување на соработката.
28-годишниот фудбалер бара плата од 12 милиони евра, дополнителни бонуси и плус одредена сума за неговиот менаџер, Пини Захави. Германците не сакаат да му ги исполнат барањата и затоа ќе го стават на трансфер листата.
Претходно се појавија иннформации дека одличниот дефанзивец може да добие понуда да се пресели во Реал Мадрид иако и неколку тимови од Англија се заинтересирани за неговиот потпис.
