Давид Алаба нема намера да го напушти Реал Мадрид. Иако е познато дека мадридскиот клуб не планира да го обнови договорот на играчот, кој истекува во 2026 година, тој нема намера да бара нов клуб. Австриецот ова лето беше споменуван како еден од фудбалерите кои можеби и ќе си заминат од „Бернабеу“, но очигледно тој сака да го одработи договорот до самиот крај, бидејќи е еден од најплатените фудбалери во тимот (10,5 милиони евра годишно „нето“).
Алаба изјавил дека планира да се бори за место во тимот.

