Играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба, го продолжи тренинсите со својата екипа и скоро сигурно ќе биде подготвен за значајниот дуел со Тотенхем во Лигата на шампионите на 1 октомври.
27-годишниот Австриец ги шокираше Баварците, откако се повреди при загревањето на дербито со лидерот на Бундеслигата, РБ Лајпциг, на средина на месецот. Поради оваа повреда Алаба ги пропушти натпреварите си Црвена звезда и Келн, во кои Баерн Минхен постигна седум гол.
Алаба најверојатно ќе добие одмор за натпреварот со Падерборн в сабота, но се очекува да биде во комбинација за тешкиот натпревар со Тотенхем.