Пин Захави, менаџерот задолжен за трансфери на дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, вели дека неговиот клиент е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во светот и дека треба да добие голема сума на пари.
Алаба во моментов има договор со Баварците до 2021 година, но, веќе поставил услов за да го продолжи. Доколку Баварците се согласат со неговите барања, тогаш репрезентативецот на Австрија ќе биде најплатениот играч во клубот.
Според Захави, црномурестиот фудбалер бара годишна плата од 20 милиони евра.