Играчот од средниот ред на Наполи, Алан Маркез е се поблиску до трансфер во редовите на Париз Сен Жермен.
Според последните вести, двата клуба се согласиле за договорот, кој ќе чини околу 100 милиони евра. Претставниците на клубовите се сретнале во Доха во декември и јануари.
Исто така, беше разговарано и за можноста „Катар Ервејс“ да стане главен спонзор и да се најде на дресот на Наполи, но и други компании исто така да инвестираат во клубот.
Се верува дека самиот Алан Маркез веќе преговараше за своите лични услови со ПСЖ. Бразилецот ќе потпише договор со Французите за следните 4,5 години, во вредност од 32 милиони евра.