Менаџерите на екипите од Премиер лигата со контрадикторни ставови ја пречекаа идејата за прекинување на англискиот шампионат за две недели со цел да се ограничи ширењето на корона-вирусот.
Вчера беа регистрирани рекордни 18 позитивни тестови кај играчите и вработените во екипите од Премиер-лигата, со што се роди идејата за двонеделна пауза на шампионатот во јануари. Менаџерот на Вест Бромвич, Сем Алардајс се согласува со идејата за прекин.
„Кога ги слушам новините околу вирусот кој мутира и кој се шири многу побрзо од претходниот, мислам дека е најдобро решение да се прекине првенството. Јас имам 66 години и последно што сакам е да се заразам со корона“- вели Алардајс.
