Менаџерот на фудбалерите на Лидс, Сем Алардајс, верува дека неговиот тим може да се спаси од испаѓање од Премиер-лигата. Неговиот тим утре ќе го пречека Тотенхем со единствена цел а тоа е победа.
„Ми се допаѓа расположението. Трениравме на централниот стадион затоа што тука в недела или ќе живееме или ќе умреме во однос на конечниот пласман“ – вели искусниот тренер.
Три екипи се вклучени во борбата за единственото место што дава опстанок. Евертон го има сега со 33 бода додека Лестер и Лидс заостануваат за два.