Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Факундо Пелистри, ќе игра на позајмица до крајот на сезоната во шпанскиот состав Алавес, соопштија денеска официјално – „црвените ѓаволи“.
19-годишниот уругвајски напаѓач кој во октомври го напушти Пењарол за 9 милиони фунти и се пресели на „Олд Трафорд“, сè уште го чека деби мечот за првиот тим на Јунајтед.
Фудбалерот кој редовно играше во екипата до 23 години, сега ќе има шанса да се наметне во – Примера дивизион.