Раководството на Алавес го назначи Пабло Мачин за главен тренер на тимот, објавија медиумите во Шпанија. Договорот на тренерот е само за една сезона.
Сопствениците на клубот од Баскија се договориле со сегашниот клуб на тренерот, кинескиот клуб Кингдао. Мачин кој има 45 години се враќа во Ла Лига, откако претходно ги водеше Еспањол, Севиља, Џирона и Нумансија.
Екипата на Алавес изминатата сезона ја заврши на 16-то место со 39 освоени бодови, три повеќе од Легањес кој се пресели во втората лига.