Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба ќе го пропушти натпреварот од 29-то коло од Ла Лига против Легањес. Играчот доби жолт картон синоќа против Мајорка (4:0).
Шпанецот нема да може да учествува на натпреварот затоа што вчерашниот картон беше негов петти во сезоната и автоматски значи суспензија. Алба го постигна третиот гол во убедливата победа на Каталонците на гостувањето кај Мајорка.
Натпреварот од 29-то коло на шпанскиот шампионат Барселона – Легањес ќе се одигра во вторник на 16 јуни.

