Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, го коментираше претстојното 1/8 финале со ПСЖ во Лигата на шампионите, но иста така зборуваше и за иднината на суперѕвездата Лионел Меси.
„Расположението во тимот е добро, но морам да кажам дека нема фаворит во оваа фаза на ЛШ. Ова ќе биде тежок дуел. На двата натпревари ќе мора да играме со голем интензитет. Ќе се види на теренот кој е подобар. Ништо не мора да значат претходните средби кои сме ги одиграле. Тоа што нема да играат Нејмар и Ди Марија не мора ништо да значи, тие имаат одличен тим и нијанси ќе одлучуваат кој ќе оди понатаму. И ние имаме важни играчи кои ќе ни недостасуваат.
Ме прашавте за иднината на Меси, дури и да знаев каква е неговата иднина, нема да ви кажам. Тој е 100% посветен на Барселона. Да се надеваме дека ќе освоиме некој трофеј. Тој ќе одлучи на крајот на сезоната. Не обрнуваме внимание на тоа што зборуваат другите клубови или играчи. Постојат многу мислења и многу се зборува на оваа тема, но последниот збор е негов. Неговата одлука ќе биде добро осмислена и ќе биде она што е најдобро за него. Јас сум многу подобар кога тој е на терен“ изјави Алба.

