И покрај тоа што беше поврзувам со трансфер во неколку европски гиганти, еден од најдобрите леви бекови во моментов , Жорди Алба, се реши да ја продолжи соработката со Барселона, и денес потпиша нов договор.
Со новиот договор, шпанскиот репрезентативец ќе остане на „Камп Ноу“најмалку до 2024 година, кога ќе наполни 35 години, па многу веројатно својата кариера ќе ја заврши како член на овој тим.
„Ова е емотивен и посебен ден за мене. Навистина многу сум среќен. Сакам да ѝ се заблагодарам на Барса за довербата која ми ја дава“, изјави Жорди Алба по потпшишувањето на новиот договор.
Алба е играч кој потекнува од школата на Барселона, а пред да го облече дресот на првиот тим настапуваше за Гимнастик Тарагона и Валенсија. Со новиот договор левиот бек на Барса добива и нова откупна клаузула, која сега изнесува неверојатни 500 милиони евра.