Екипата на Торо Росо во Формула 1 потврди дека младиот возач Александар Албан ќе му биде тимски колега на Даниел Квајт во наредната сезона.
22 годишниот натпреварувач кој има британско-тајландско потекло и годинава заврши на второто место во шампионатот во Формула 2 и покажа дека го има потребнио квалитет за да прогресира во така наречениот „циркус на тркала“ . Тој сега ќе мора го раскине договорот со тимот на Нисан во Формула Е за да може да настапи во Ф1.
„Одлично е чувството кога знаеш дека ќе се натпреваруваш во Ф1. Работев многу напорно и сакам да му кажам едно големо благодарам на Ред Бул и на д-р Марко“ – изјави Албан.