Игли Таре, кој ја имаше улогата на Спортскиот директор во Лацио, ќе го напушти тимот по 18 години, пишува денеска весникот – „Газета дело спорт“.
Тој откако ја заврши кариерата во дресот на „римските орли“ во 2009 година, веднаш се активираше во раководните гарнитури.
„Тоа беше неверојатна авантура. Одлуката беше претходно донесена,. Никогаш нема да можам да му се заблагодарам на претседателот Лотито што ми ја даде можноста како и на навивачите кои влегоа во моето срце. На сите играчи и персоналот кои беа со мене“ рече Таре.