Навивачите на Албанија направија голем инцидент на вчерашниот меч со Полска одигран во Тирана. Во 77 минута откако гостите направија предност од 1:0, домашните фанови испратија канонада од тврди предмети кон полските играчи а судијата мораше времено да го прекине дуелот.
По долго чекање и реакција на полицијата, мечот на стадионот „Ер Албанија“ се доигра а Полска успеа да ги однесе бодови.
Албанската фудбалска федерација поради инцидентот најверојатно ќе биде санкционирана од УЕФА.