Дефанзивецот на Наполи, Раул Албиол бил подложен на операција на коленото во Лондон. Операцијата поминала успешно и во наредните денови ќе биде јасно колку ќе биде паузата за 33-годишниот играч.
„Раул Албиол беше опериран во болницата „Принсес Грејс“ во Лондон, на левото колено. Интервенцијата беше доста успешна. Во следните неколку дена ќе знаеме колку ќе биде потребно време за закрепнување”, објавија од Наполи.
Првичните предвидувања се дека ветеранот ќе биде отсутен најмалку еден месец од теренот, но веројатно ќе мора да се одмори подолго.