Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека тимот ќе се потпира многу на поддршката на своите фанови во вечерашниот натпревар со Атлетико Мадрид.
Стратегот на Јувентус смета дека евентуалниот успех во дуелот помеѓу двата тима не значи дека Јувентус е фаворит за освојување на Лигата на Шампионите.
„На половина пат сме во двомечот со Атлетико. Даглас Коста доби болки на последниот тренинг и нема да биде на располагање за овој натпревар. Сите останати се чувствуваат добро и се подготвени за овој голем натпревар. Треба да се обидеме да го добиеме овој натпрева. Ќе биде тешко да играме со сите сили во напад, бидејќи нема да имам доволно замени. Потребна ни е помошта нашите навивачи на стадионот. Ќе биде прекрасна вечер. Треба да бидеме интелигентен, Атлетико ќе се обиде да постигне барем еден гол, но ние треба да играме 95 минути со техника и студена глава. Ако победиме, ќе биде одлично, но тоа не значи дека ќе ја освоиме Лигата на Шампионите”, изјави Алегри.