Актуелниот тренер на италијанскиот шампион Јуветус, Масимилијано Алегри, по синоќешното реми со Рома без погодоци изјави дека е задоволен од резултатот, но и воопшто од сезоната која е зад него и неговиот тим.
„Среќен сум. Го имаме следното поглавје во историјата на клубот. Беше многу тешка сезона. Сакам да им се заблагодарам на Наполи, бидејќи продолжија да вршат притисок врз нас до крајот на сезоната. Верувам дека нашата главна предност во однос на ривалот беше тоа што останавме смирени во секоја ситуација“, ја оцени сезоната Алегри.
На прашањето за неговата иднина во Торино, тој додаде:
„Ако менаџментот на клубот не ме отпушти, мислам дека ќе останам во Јувентус и следната сезона. Прашањето е, каква ќе биде иднината на клубот. Следната сезона, сè ќе почне од почеток и ќе мора да докажеме дека ние остануваме конкурентни за Скудетото“.