Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, не верува дека првата ѕвезда Кристијано Роналдо ќе се опорави навреме за мечот со Ајакс во рамките на 1 / 4 финалето во Лигата на шампионите.
„Роналдо работи напорно за побрзо да се врати на терените. Сите се надеваме дека тоа ќе биде за првиот меч со Ајакс, но, да бидам искрен, мислам дека е тоа речиси невозможно“ – потенцираше вчера тренерот на „старата дама“.
Денеска пак, медиумите во Италија излегоа со сосема различна приказна. Според нив, Роналдо кој се повреди додека играше за Португалија во кавлификациите за ЕП, изјавил, дека тренира напорно и дека сака да игра на првиот меч со Холанѓаните кој е закажан за 10 април во Амстердам.

