Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри зборуваше за натпреварот од 5-то коло во Серија А со Специја.
„Играњето кај Специја на гостински терен не е лесно. Нашите квалитети мора да се манифестираат на долг рок, ние мора да победиме. Тогаш ќе почнеме да гледаме на работите поинаку. Нема смисла сега да зборуваме за долгорочни цели. Сега единствената задача е да се победи Специја. Треба да се движите постепено, чекор по чекор. Игравме добро во неделата, но треба да напредуваме. Сеуште правиме премногу грешки“, изјави Алегри за официјалната веб-страница на Јувентус.
Јувентус има освоено 2 бода на 4 натпревари и се наоѓа на 18-то место на табелата во италијанската Серија А. Ова е најлошиот старт на тимот од 1962 година.