Масимилијано Алегри вели дека Јувентус и натаму пред себе има една цел, а тоа е пласманот во Лигата на шампионите следната сезона.
„Имаме 62 бода и тоа е очигледно она што го заслужуваме. Направивме грешки во клучниот период од сезоната, но Јувентус е во процес на реконструкција и имаме многу млади играчи. Едно е да се работи со 30-годишни играчи, друго е да се работи со 18-годишници. Ова е толку очигледно што не разбирам зошто воопшто се фокусираме на тоа. Имаме одлични момци, нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампионите и на пат сме да го постигнеме тоа. Во исто време, постигнавме многу поени во првата полусезона, но во вториот дел постигнавме многу помалку“, изјави тренерот на Јувентус .