Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, уште од сега размислува околу можните засилувања кои би дошле во Торино во текот на летото.
Наводно, искусниот стратег сака да купи играч од средниот ред а во преден план му е Џакомо Бонавентура од Милан. Тој пристигна на „Сан Сиро“ во 2014 година од екипата на Аталанта за сума од 7 милиони евра токму на инсистирање на Алегри кој шест месеци подоцна доби отказ од „росонерите“ и седна на клупата на Јувентус.
Според медиумите во Италија, „старата дама“ е подготвена да плати 25 милиони евра за Бонавентура додека Милан е принуден да ги исполни барањата на финансискиот фер-плеј на УЕФА.