Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го коментираше поразот на неговиот тим во натпреварот од Серија А со Наполи (1:2).
„Момците одиграа добро, имавме шанси кои не ги искористивме. Сето ова е дел од процесот, дел од растот, го бараме вистинскиот баланс во големите натпревари. Го покажавме нашето неискуство“, изјави Алегри за „Фудбал Италија“.
Натпреварот од 27. коло во италијанската Серија А во кој се сретнаа Наполи и Јувентус се одигра во Неапол на стадионот „Диего Армандо Марадона“, а победи домашната екипа со 2:1.
По 27 кола во италијанското првенство, Јувентус има освоено 57 бодови и е на второто место со 12 бода помалку од лидерот Интер. Наполи има освоено 43 бода и се наоѓа на седмото место во Серија А.

