Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Алегри го објави датумот на кој ќе се решава неговата иднина
    Фудбал

    Алегри го објави датумот на кој ќе се решава неговата иднина

    risteBy riste28/05/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неговата иднина во клубот ќе биде јасна дури по крајот на сезоната. Тимот речиси сигурно ќе ја заврши сезоната надвор од местата кои водат во Лигата на шампионите, откако доби казна од 10 поени.

    На клубот му беа одземени бодовите во Серија А поради претходните трансфер договори, поради што паднаа на седмата позиција и имаат мали шанси да обезбедат место во Лигата на шампионите. Јувентус, исто така, испадна во полуфиналето на Лига Европа од шесткратниот победник Севиља, а во понеделникот претрпе пораз од Емполи со 4:1.

    „Ќе разговараме со управата на клубот на 5 јуни кога се ќе биде готово, бидејќи во моментов сум фокусиран на претстојниот натпревар“, изјави тој на прес-конференцијата во пресрет на домашниот дуел со Милан.

    Јувентус има 59 бодови со два меча до крајот на сезоната и заостанува од четвртиот Милан пет бода во битката за последното место во Лигата на шампионите.

    „Веќе имавме премногу проблеми во последните месеци“, рече Алегри кој призна дека било тешко прашање кога го прашале за причините за проблемите на тимот оваа сезона.

    „Тешко е да се одговори на тоа прашање во една минута, мислам дека работевме многу напорно и имаме уште 10 дена каде што треба да работиме уште повеќе. Мораме да го извлечеме максимумот, целта е да влеземе во Лигата на шампионите. Математички не останува ништо за нас. Сеуште не знаеме што ќе се случува следната година. Играчите се концентрирани, ги замолив да ја дадат целата своја енергија на претстојниот натпревар“, заклучи Алегри.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.