Фудбаалерите на Јувентус вчера го совладаа составот на Рома со минимални 1 спрема 0 во дербито на 17. Коло во Серија „А“. Батпреварот го реши хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ кој погоди во 35 минута. Тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри, по мечот во еуфорично расположение не штедеше пофални зборови за играта на Манчукиќ.
„Марио е извонреден, феноменален играч. Нема зборови со кои може да се опише… За нас е исклучително значен бидејќи е играч кој има беспрекорна комбинација на физичка подготовка и техника“ – рече Алегри.
„Одигравмe добар меч против Рома. Бевме организирани и не дозволивме да примиме гол иако во вториот дел противникот имаше поголем посед на топката“ – заврши Алегри.