Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, очекува средба со претседателот на клубот, Андреа Ањели, на која ќе разговара за иднината на тимот и целите на „Старата дама“ за следната сезона.
Утре Јувентус ќе се соочи со Торино во „Дерби Дела Моле“, а од Јувентус најавуваат дека нема да го потценат противникот кој сака да продолжи со борбата за пласман во Лигата на Шампионите.
„Мораме да се сретнеме со претседателот каде че разговараме за планот и програмата во иднината. Имам мотивација да продолжам понатаму. Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи ќе играат утре, со штоќе се формира дефанзивната четворка во која ќе нема место за Ругани бидејќи не беше 100% подготвен на мечот против Интер. Мартин Касерес и Андреа Барѕали се добро. Ќе биде одлично дерби, бидејќи играме против тимот на Торино, кој сака да се пласира во Топ 4. Треба да играме онака како што игравме во второто полувреме против Интер. Торино располага со одлична екипа. За Кристијано Роналдо дербито со Торино е голем предизвикк. Целта му е да победи во дербито и да стане голгетер на Серија „А”, заврши тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.