Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по триумфот против Лацио во дербито во Серија „А“, искористи шанса го пофали Фредерико Киеза.
„Фредерико сега игра поблиску до Влаховиќ и учествува во создавањето на шанси. Киеза се подобрува во однос на техниката, фокусот и интензитетот“ – вели Алегри.
„Атмосферата беше одлична. Треба да бидеме поблиску до реалноста, целта ни е да завршиме меѓу првите четири“ – вели тренерот на „старата дама“.