Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимо Алегри, нема да си замине по крајот на сезоната иако се појавија шпекулации дека раководството планира да му пронајде замена. По вчерашниот пораз од Ајакс во Лигата на шампионите кој значеше и елиминација на „старта дама“ од елитната конкуренција, Алегри изјави дека ќе остане во Торино и во наредната сезона.
„Зборував со претседателот, ќе останам во Јуве и во наредната сезона која веќе започнавме да ја планираме“, изјави Алегри.
Неговиот тим во наредното коло на домашен терен против Фиорентина може да ја потврди титулата во Серија „А“. За тоа му е потребен само еден бод.