Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ќе им даде пауза на некои од неговите стартери на претстојниот натпревар од Серија А против СПАЛ. Јувентус кој е на чекор до нова титула во Италија, нема потреба да форсира дел од стартерите, за тоа што следната недела го чека тежок реванш со Ајакс во ЛШ.
„Повеќето од стартерите ќе одмараат. Ќе им дадам шанса за докажување на младите. Може да станеме шампиони и со овој натпревар, но славењето ќе го одложиме за после реваншот со Ајакс. Нема да ризикувам со здравјето на Роналдо. Можеби ќе му дадам одмор и на Бонучи. Манџукиќ и Матуиди исто имаа долга сезона и треба да добијат одмор. Мојс Кин ќе започне како стартер“, вели Алегри.