Јувентус откако испадна од Лигата на фудбалските шампиони, сите сили ќе ги насочи кон домашното првенство. Избраниците на Масимилијано Алегри утре ќе гостуваат кај Лече во потрага по третата последователна победа во првенството.
„Поминаа само 11 кола, да се зборува за Скудетото е бесмислено. Наполи прави извонредни работи, истото се однесува и на Милан, Лацио, Интер и Рома. Ние заостануваме“ – вели Алегри.
„ Утре не очекува тежок натпревар. Лече се добро организирани и можат да бидат опасни “ – потенцираше тренерот на „старата дама“.