Челниците на фудбалскиот состав Јувентус одлучија да го назначат Масимилијано Алегри за нов тренер откако ќе заврши сезоната, најавија медиумите во Италија.
Тоа значи дека специјалистот ќе го преземе тимот од Торино по втор пат по периодот од 2014 – 2019 година кога освои пет последователни шампионски титули.
Според информациите, раководството одлучило дека ќе го разреши Андреа Пирло без разлика дали ќе го квалификува тимот во Лигата на шампионите или пак, ќе го подигне победничкиот пехар во Купот.
