Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри го осуди однесувањето на бразилскиот играч од средниот ред, Даглас Коста, кој доби црвен картон при победата со 2:1 над Сасуоло од четвртото коло на Серија „А“.
Дуелот ќе остане забележан поради деби головите на мегаѕвезда Кристијано Роналдо во дресот на „бјанконерите “.
„Даглас беше испровоциран, но тоа не е важно. Слично однесување е недопустливо. Не треба да подлегнуваат на провокации, тоа е нешто што немаме потреба во моментов. Можевме да постигнеме и трети гол по 2:0, но играчите почнаа да дејствуваат индивидуално и тоа доведе до намалување на резултатот, а потоа го загубивме и Коста. Што се однесува до Роналдо – тој беше многу блиску до гол и во првите три натпревари, но денес манифестираше повеќе трпение и на крајот тоа му помогна. Дефинитивно го тргна од себе притисокот”, изјави Алегри по натпреварот.