Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека неговиот тим не е фаворит за освојување на Лигата на шампионите иако со доаѓањето на Кристијано Роналдо, многумина ја гледаат „старата дама“ како главен конкурент за вредниот трофеј.
„Никаде не е напишано дека сме супер фаворити во Лигата на шампионите. Тоа би било лудило. Ќе мора да бидеме многу внимателни против Атлетико Мадрид“ – вели искусниот тренер кој за мечот со Шпанците ќе го нема стандардниот дефанзивец Бонучи.
„Во врска со повредите, не можете да размислувате со страв, не можете да знаете што ќе се случи. Го прифаќате неочекуваното и продолжувате понатаму. Еве сега на пример ги имам Пјаниќ, Кедира и Манџукиќ, но, никој не знае кој ќе може од нив да игра за 10-на дена“ – изјави Алегри.