Масимилијано Алегри има реална шанса да се врати во тренерските води и да преземе клуб од Англија, објавија дел од медиумите. Искусниот стратег бил виден на мечот меѓу Тотенхем и Баерн Минхен во Лигата на шампните што само ги подгреа шпекулациите дека може да го наследи Маурисио Почетино на клупата на „Спарси“.
Лондоначни играат катастрофално во домашни рамки а така поминуваат и во Лигата на шампионите што само по себе наведува дека челните луѓе мора да започнат да размислуваат за одредени промени. Тука секогаш во прв план излегува тренерскиот пост.
Втора опција за 52-годишниот Италијанец е екипата на Манчестер Јунајтед. Според англиските колеги, Оле Гунар Солскјер, полека ги губи уздите во тимот и довербата на челниците од – „Олд Трафорд“.