Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијамо Алегри, се надева дека неговиот тим ќе ја продолжи одличната серија од четири последователни победи.
Згора на тоа Старата дама нема примено гол во последните шест натпревари а утре ќе му гостува на Калјари кој исто така нанижа серија на успешни резултати.
„Каљари има три последователни победи во Купот и првенството но, мораме да ги освоиме трите бода. “ – изјави Алегри.