Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не го смета својот тим за еден од фаворитите за освојување на титулата во италијанската Серија А оваа сезона.
Интер и понатаму е фаворит за скудетото, барем до дуелот со Јувентус кој се игра вечерва.
„Очигледно, на Милан му оди многу добро, како и на Наполи. Мислам дека една од овие три екипи ќе биде освојувач на титулата во актуелната сезона во Серија А. Јувентус има цел да биде во трка за обезбедување место за следната сезона од Лигата на шампионите. Но, во првенството ќе се играат уште многу натпревари и во оптег се многу бодови, а ние мора да останеме фокусирани. За среќа, за натпреварот со Интер, самите играчи се подготвуваат на психолошки план, не треба дополнително да ги мотивирам“, изјави Алегри за „Фудбал Италија“.