Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри на шега одговори на прашањето за евентуалното негово назначување за нов тренер на Манчестер Јунајтед.
„Јас сè уште не зборувам доволно добро англиски, но учам“, вели Алегри.
Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед е близу до потпишување договор со Алегри, според кој платата на 52-годишниот стратег на „Олд Трафорд“ ќе биде околу 7,5 милиони евра годишно.