Играчот на Јувентус, Федерико Киеза и понатаму се опоравува од повредата, затоа играчот остана надвор од проширениот тим на Јувентус за претстојното гостување кај португалска Бенфика во групната фаза од Лигата на шампионите.
Јувентус го зазема третото место на табелата во групата „Х“ со 3 бода, а тимот на Бенфика е втор со 8 бодови.
И покрај враќањето на Киеза на тренинзите на својата екипа, сепак 24-годишниот фудбалер се уште не е подготвен да настапи на натпреварите на Јувентус. Тој беше тешко повреден во јануари, а пред неколку недели продолжи со активен тренажен процес.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се уште не сака да ризикува со играњето на Федерико Киеза.