Откако Кристијано Роналдо со неговиот Јувентус доживеа сензационална елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите, се појавија првите шпекулации дека може да си замине од Торино. На тоа реагираше тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, кој се обиде да објасни дека Португалецот е иднината на клубот. „
Тој одигра фантастично годинава а истото ќе се повтори и во наредната. Секако дека е разочаран како што сме и сите ние, но, тој е многу смирен. Доаѓањето на Кристијано во Јувентус не значеше дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите“ -изјави Алегри.
Јувентус доколку денеска освои барем бод на домашен терен на мечот со Фиорентина ќе ја одбрани титулата во Серија „А“.