Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри изјави дека нема трпение за да започне со работа со големата ѕвезда на „бјанконерите” Кристијано Роналдо. Искусниот тренер ги пофали неговите играчи по средбата со Реал Мадрид, и покрај поразот од 3:1.
„Дуелот со Реал беше многу добар тест помеѓу два големи тима. Среќни сме што успеавме да одиграме 4 големи средби тука. Игравме со тим кој е од многу високо ниво”, започна Алегри.
„Ќе биде одлично да го тренирам Роналдо. Тој е најдобриот фудбалер во светот заедно со Лионел Меси. Тие играат во Европа и тоа го зголемува нивото на фудбалот на овој континент. Факт е дека го имаме Роналдо во своите редови, но тоа не значи дека ќе зја освоиме ЛШ и дека ќе ни биде лесно. Вистинска среќа е што можам да го тренирам Роналдо и е многу важно за фудбалот во Италија што играч од сличен ранг доаѓа во нашето првенство. Со враќањето на Бонучи веќе ќе можам да сметам на петмина фудбалери за две позиции, ќе имаме многу долга сезона и секој ќе добие шанса. Ќе дадам шанса и на младите фудбалери во составот. Клубското раководство направи она што се очекуваше. Составот ни е подготвен и со нетрпение чекам да ја започнам сезоната со фудбалерите кои ги имам на располагање”, заврши Алегри.