Масимилијано Алегри по мечот со Интер синоќа го прокоментира исклучувањето во финалето на Купот на Италија.
Тренерот на Јувентус беше исклучен по втор жолт картон добиен во 104. минута на средбата.
„Некој од Интер помина и ме шутна. Се налутив и судијата со право ме исклучи“, изјави Алегри.
Според италијанските весници, Алегри имал пресметка со вториот тренер на Интер, Масимилијано Фарис.