Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Алегри: Очекував тежок натпревар, требаше само да бидеме трпеливи
    Фудбал

    Алегри: Очекував тежок натпревар, требаше само да бидеме трпеливи

    risteBy riste24/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри не бил изненаден од тешкотиите кои „бјанконерите” ги имаа при гостувањето кај Фрозиноне во меч од 5.коло на Серија „А“. Јувентус дојде до тешка победа со 2:0, којаја остварија со погодоци во последните десетина минути преку Кристијано Роналдо и Федерико Бернадески.

    „Очекував вака да биде. Фрозиноне загуби со 0:5 од Сампдорија во минатото коло и против нас излегоа многу мобилизирани. Ние во исто време пак имавме замор, бидејќи игравме со 10 играчи 70 минути во натпреварот со Валенсија во Лигата на Шампионите. Ние само требаше да покажеме повеќе трпение и да го чекаме нашиот момент. По толку многу удари и шанси, гол ќе биде постигнат”, рече Алегри.

    Во натпреварот со Фрозиноне како стартер настапи Паоло Дибала, но не импресионираше со настапот. Тоа не му пречи на Алегри.

    „Тој само треба да игра повеќе. Сеуште не ја има достигнато најдобра физичка форма, има уште да се работи и на психолошки план”, додаде тренерот Алегри во врска со настапот на Дибала. Јувентус е единствениот тим во Серија „А“, кој ги добил сите натпревари од почетокот на сезоната и е лидер со 15 поени, втор е Наполи со 12, благодарение на поразот од Сампдорија од 3:0.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Ристовски проговори за ситуацијата во клубот

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.