Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, изјави дека не е шокиран од поразот кај Аталанта во четврфиналето на Купот на Италија. “Старата дама” одигра и втор слаб меч за една недела, а во Бергамо немаше среќа како на гостувањето кај Лацио.
Според Алегри, незамисливо е да се очекува Јувентус да победи на секој натпревар оваа сезона.
„Сакавме да победиме и петти пат по ред да го освоиме Купот, но Аталанта одиигра многу силно и им честитаме. Ништо драматично не се случило. Искрено, овој пораз нема да промени ништо. На теренот имавме играчи кои се враќаа по повреди, други пак не играа поради повреди. Сметам дека можеме да се вратиме од оваа негативна ситуација во која се наоѓаме“, порача Алегри.