Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не можеше да не ја признае супериорноста на Наполи на синоќешното дерби од Серија А. Неговите фудбалери загубија со 5:1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и веќе заостануваат 10 бода зад лидерот и фаворит за титулата.
„Нашиот противник одигра одличен натпревар. Немавме енергија да возвратиме. Во нашиот најдобар период од натпреварот губевме со 2:0. Ова е фудбал. Вакви натпревари се случуваат еднаш годишно. Треба што побрзо да се опоравиме бидејќи има уште многу натпревари. Изгледаше дека можеме да постигнеме гол во секој момент. Поразот е заслужен. Кога грешиш на вакви дерби средби, тешко е да останеш неказнет“, призна Алегри.