Фудбалерот на Јуве, Пол Погба, повторно имаше позитивен тест за допинг. Станува збор за супстанцата тестостерон.
Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, вели дека сите треба да му дадат поддршка на Французинот кој се соочува со ригорозна казна и прашање е дали ќе се врати на терените.
„Го познавам уште кога беше млад. Штета, фудбалот ќе загуби посебен играч“ – вели Алегри.