Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека ремито против Интер во првото полуфинале на Купот на Италија е реално. Тој по мечот синоќа се остврна и на инцидентот кој се случи на крајот на средбата.
„Не знам точно што се случи по завршувањето на натпреварот, бидејќи веднаш отидов во тунелотот. Настана хаос. Самиот натпревар беше изедначен. Знаевме дека ќе биде тешко. Интер е во тежок период, но не одигра лошо. Разочарани сме, но средбата е завршена. Требаше да притиснеме повеќе. Филип Костиќ требаше да постапи попаметно, да биде поблизок со Дамфрис. Потоа дојде наивната грешка. Генерално, резултатот е фер“, призна тренерот на „бјанконерите“, Алегри.