Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ќе го напушти клубот, објави авторитетниот „Спорт Медиасет“. Според објавата, стратегот и претседателот на клубот Андреа Ањели дошле до заедничка одлука дека е време за промени, особено по несогласувањтаа околи трансфер политиката.
Италијанскиот специјалист е заинтересиран за опцијата да го преземе ПСЖ, но засега нема никакви конкретни најави. Антонио Конте, чија кандидатура е поддржана од Павел Недвед се споменува како адекватна замена за Алегри.