Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека неговиот тим не се бори за титулата во Серија „А“. Специјалистот откри дека може да му даде одмор на Душан Влаховиќ на утрешниот натпревар против Емполи.
„Го загубивме првиот меч од нив. Никогаш не е лесно да се игра во Емполи. Треба да ги наполниме батериите физички и психички“ – вели Алегри.
„Мозес Кин може да игра утре. Одмор ќе добијат Влаховиќ или Мората. Се бориме на сите фронтови, освојувањето на Скудетото во моментов изгледа многу тешко. Ние сме надвор од битката за титулата“ – вели тренерот на Јувентус.